ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Врз основа на одредбите од Законот за заштита на лични податоци (Службен Весник на Република Македонија бр. 42/2020) Адвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје, со седиште на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 24/1-1, Скопје, со ЕМБС 6792308, ЕДБ 4080012529552, на ден 20.08.2021 година, донесе:

 

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

 

Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Адвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје (понатаму „Контролор“) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при посета на интернет страницата www.chil.mk (понатаму:”интернет страница”) на Адвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје.  Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

  1. Кои лични податоци ги собираме

При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при користење на услугата (Контактирајте не), и користење на услугата (Претплатете се на нашиот билтен). Доколку преземате било кои од овие дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.

При користење на услугите од нашата интернет страна и оставање на Вашите податоци, Адвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • вашето име 
  • адреса на е-пошта

При користење на услугата Контактирајте не, Aдвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • вашето име 
  • адреса на е-пошта

При користење на услугата Претплатете се на нашиот билтен, Aдвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје ги обработува Вашите лични податоци и тоа:

  • адреса на е-пошта
  1. Начин на собирање на личните податоци

Податоците при користење на услугата „Контактирајте не“ и „Претплатете се на нашиот билтен“ се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците.

  1. За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?

Адвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:

  • овозможување на користење на услугата „Контактирајте не“;
  • овозможување на користење на услугата „Претплатете се на нашиот билтен“;
  1. Начин на обработка на Вашите лични податоци и рокови на чување на Вашите податоци

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.

Обработката на Вашите лични податоци Aдвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Дополнително, Aдвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои Aдвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.

Личните податоци при користење на услугата „Контактирајте не“ и „Претплатете се на нашиот билтен“, Адвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје ги чува се до повлекување на Вашата согласност.

  1. Вашите права како субјекти на лични податоци

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:

  • да се информирате од Адвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;
  • да побарате од Адвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ-Скопје да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, пришто Адвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје треба да постапи по истото во рок од 15 дена и да изврши исправка на личните податоци;
  • да побарате од Адвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје да ја ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување кои лични податоци ќе се чуваат;
  • да побарате од Адвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје да ги избрише Вашите лични податоци, при што Адвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
  • да поднесете барање до Aдвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци;
  • да поднесете приговор до Aдвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје за начинот на обработката на Вашите лични податоци; и

За остварување на овие права, може да не контактирате на:

Е-маил адреса: info@chil.mk

Контакт телефон: +389 23245-695

или можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци:

Име и презиме: Илија Илијовски

Контакт телефон: 071/211-079

Е-маил адреса: ilijovski@chil.mk

Доколку имате приговор на начинот на обработка на Вашите податоци во Aдвокатско друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје, имате право да се обратите и до:

Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје https://www.dzlp.mk/

info@privacy.mk

  1. Давање податоци на користење на трети лица

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

  1. Пренос на лични податоци во други држави

АДВОКАТСКО ДРУШТВО ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ-Скопје не врши пренос на лични податоци во трети држави.

  1. Промена на политиката на приватност од Контролорот

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

Скопје, 20.08.2021 година

Адвокатско друштво 

ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ