Илија Илијовски

Илија Илијовски

Партнер

Илија Илијовски е Партнер – основач во Адвокатското друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје. Негови области на правна пракса се Корпоративно право, Право на интелектуална сопственост, Право на градежништво и урбанизам и Енергетско право.

По дипломирањето на Правниот факултет Јустинијан Први, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, каде се стекнува со стручен назив дипломиран правник, тој ги завршил своите постдипломски студии на Правниот факултет, на истиот Универзитет, во областа на Граѓанско право и постапка со фокус на Урбанизмот и Градежништвото.

Успешно ја завршил двосеместралната програма за деловно право, прва фаза на магистерски студии по деловно право на School of American Law, IIT, Chicago-Kent College of Law во Атина, Грција. Во мај 2019 година тој дипломирал на LLM програма во Chicago-Kent College of Law, Illinois Institute of Technology, во областа на Меѓународното право на интелектуална сопственост. За време на неговиот LL.M студии, добитник е на наградата CALI Award for Legal Writing Seminar for International Intellectual Property Law на тема: УСОВРШУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ НА ПАТЕНТИРАЊЕ ВО САД – СПОЈУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПРИСТАП И АМЕРИКАНСКИТЕ ПРИНЦИПИ. Трудот е објавен во правното списание 19 Chicago-Kent J. Intell. Prop., 178.

Најголемиот случај во кој тој бил вклучен, со успех за клиентот на компанијата (тужител), е трговски спор со вредност од 8.000.000 УСД. Тој исто така е вклучен во застапувањето на клиентите во преговори за договори за прекугранична соработка во областа на градежното право, индустријата за игри, заштитата на интелектуалната сопственост, спојувањата и припојувања на компании и имиграциони прашања, како што се постапките за издавање на работни дозволи за странски вработени за позиции на раководно ниво, други работни позиции и специјализирани работни позиции.

ПУБЛИКАЦИИ

Г-дин Илијовски бил дел од неколку групи за изготвување закони и учестувувал во подготовка на повеќе од триесет прирачници, правилници и подзаконски акти, меѓу кои:

– Предлог на закон за ран детски развој и соодветни подзаконски акти (вкупно 27),

– Предлог на оперативен прирачник за Фондот за развој на иновации и технологија основан од Владата на Република Македонија,

– Предлог на закон за регистар на население и Предлог на закон за електронска администрација и електронски услуги,

– Предлог на закон за стокови резерви.

ЧЛЕНСТВА

  • Адвокатска Комора на Република Македонија,
  • Собрание на Адвокатска Комора на Република Македонија,
  • Совет на Општина Центар, 2013-2017
  • Централен регистар на Република Македонија, Овластен Регистрационен Агент,
  • Државен Завод за индустриска сопственост на Република Македонија, Овластен застапник за индустриска сопственост.