Драги клиенти,
Го основавме Адвокатското друштво Чичевалиев и Илијовски со единствена цел – да обезбеди квалитетни правни услуги на сите наши клиенти. Во нашето друштво Вие секогаш ќе најдете поддршка и безбедна средина како и посветен тим спремен да ви помогне во сите ваши потфати.
Ние го поддржуваме отворениот пристап кон нашите клиенти преку обезбедување на лично внимание и индивидуален пристап кон секое прашање што може да произлезе во вашиот приватен или деловен живот.
“Сите луѓе се еднакви пред законот.
Добриот адвокат е она што ја прави разликата”.


Ние силно веруваме во градењето на врски со нашите клиенти, врски кои се негуваат преку грижа, одговорност и посветеност.
Пред се нашето друштво ги цени Етиката и Интегритетот, доблести кои ние во целост ги применуваме во нашиот професионален и деловен живот.
Срдечни поздрави
Филип Чичевалиев & Илија Илијовски