
Сара Донакова
Помлад соработник - Приправник
ФОКУС
Сара Донакова е Помлад соработник – Приправник во Адвокатското друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје.
Г-ца Донакова е студент во трета година на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Таа како посветен студент, по завршувањето на своите додипломски студии, има тенденции своето образование да го продолжи на магистерските студии по Казнено право.
Во своето досегашно искуство, Г-ца Донакова има учествувано на неколку семинари и предавања од областа на Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија, каде што се здобила со меѓународно признаен сертификат преку програмата на International Business Management Institute, како и од областа на Казнено право со предавањето на Снежана Лупевска Созен, продуцент и автор на емисијата КОД.
Од активности кои се вон стандардната факултетска настава, Г-ца Донакова има земено активно учество на семинар за социјализација и комуникација на луѓе со посебни потреби, со што се има здобиено со соодветен сертификат за настанот организиран од страна на Ерасмус+ одржан во Чрномељ, Словенија.