Барбара Стевческа

Барбара Стевческа

Адвокатски Стручен Соработник

ФОКУС

Барбара Стевческа е Адвокатски Стручен Соработник во Адвокатското друштво ЧИЧЕВАЛИЕВ & ИЛИЈОВСКИ Скопје.

По дипломирањето на Правниот факултет Јустинијан Први, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, каде се стекнува со стручен назив дипломиран правник, таа ги завршува своите постдипломски студии на Правниот факултет, на истиот Универзитет, во областа на Корпоративното право и се стекнува со стручен назив Магистер по Корпоративно право.

Во своето досегашно искуство, Г-ца Стевческа била ангажирана како Адвокатски приправник во две Адвокатски канцеларии, а воедно била и ангажирана од страна на Македонското Здружение на млади правници, како Правник во мобилен тим за давање на бесплатна правна помош од областа на правата од социјална заштита на социјално ранливи категории на граѓани.

Во јули 2019 година го положува правосудниот испит.

ПРЕДАВАЊА И ОБУКИ

Г-ца Стевческа учествувала на голем број на предавања и обуки од кои на:

  • „Обука за човекови права за млади правници“
  • Конференција на тема „ Јазикот и толкувањето на правото во ЕУ-предизвиците за правото и правните професии во Македонија“
  • Конференција на тема „Трансплантација на органи од починат донор“
  • Трибина на тема „ Медиколегални и етички аспекти на донесување на одлука за третман на пациентите во краен стадиум“
  • Предавање на тема „Профилирање на сериски убијци“